Фудбал
Чави доби одлична вест откако тимот пристигна во Саудиска Арабија
Фудбалерите на Барселона вчера отпатуваа за Саудиска Арабија каде ќе се игра Суперкупот на Шпанија.
Како и лани, во Саудиска Арабија се игра шпанскиот Суперкуп, а закажани се полуфиналињата и финалето.
Утре во полуфиналето не очекува спектакл кога ќе се сретнат Барселона и Реал Мадрид. Иако Реал сезонава е во далеку подобра форма, многумина очекуваат многу интересен натпревар бидејќи е јасно дека Барселона нема така лесно да се предаде.
Каталонците вчера отпатуваа за Саудиска Арабија, а претходно Чави Ернандез го објави списокот на играчи на кои ќе смета на овој натпревар.
Одлична вест за Чави беше дека Феран Торес конечно беше регистриран, но тој не беше на списокот на патници бидејќи беше позитивен на коронавирус пред да замине за Саудиска Арабија. Поради истото го немаше Педри кој се опорави од повредата.
Но, Барселона синоќа ги воодушеви своите навивачи кога објавија дека Феран и Педри биле негативни на вториот тест и добиле дозвола од клубот да се приклучат на тимот.
MEDICAL ANNOUNCEMENTS
▶️ Players @FerranTorres20 and @Pedri have tested negative for Covid-19 in PCRs and can rejoin the rest of the team in Riyadh. The club has informed the corresponding authorities. pic.twitter.com/RBbZx15RrK
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 10, 2022
Феран и Педри денеска ќе отпатуваат за Саудиска Арабија каде ќе му се приклучат на првиот тим, а најверојатно утре ќе му бидат на располагање на Чави за Ел Класико, што секако е одлична вест за тренерот на Барселона.
Во Ријад со почеток од 20 часот се игра полуфиналето на шпанскиот Суперкуп помеѓу Барселона и Реал Мадрид.