Connect with us

Фудбал

Чави го истакна позитивното влијание на Левандовски

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, го истакна позитивниот придонес на напаѓачот Роберт Левандовски за тимот од почетокот на сезоната. Полскиот фудбалер дојде во редовите на каталонскиот гигант во текот на летото по трансферот од Баерн Минхен.

Според Чави, искуството на 34-годишниот Левандовски е исклучително вредно за тимот. Полјакот веќе постигна 8 гола на 5 натпревари за Барселона.

„Не би го заменил Роберт за никого на светот. Неговото искуство е исклучително важно, а неговиот начин на игра им помага на младите играчи“, коментира тренерот на Каталонците за весникот „Мундо Депортиво“.

„Освои се, но пристигна со својата скромност. Таков е тој, а тоа што го прави е неверојатно“, додаде Чави Ернандез за Левандовски.

Барселона ја зазема втората позиција во привремениот поредок во шпанската Ла Лига со 10 бодови по 4 кола. Лидер е Реал Мадрид со 12 бода.