Connect with us

Фудбал

Чави ќе заработува помалку во Барселона отколку во Ал Сад

Легендарниот шпански фудбалер, Чави Ернандез најверојатно ќе биде нов тренер на Барселона.

Откако му дадоа билет во еден правец на Роналд Куман, првите луѓе на Барселона тргнаа во потрага по неговиот наследник.

Одлуката падна на Чави, а се очекува трансферот да биде официјализиран во наредните денови. Делегацијата на Барселона вечерва од Киев ќе отпатува за Киев каде Барса го игра мечот од Лигата на шампионите со Динамо каде ќе се обиде да постигне договор со челниците на клубот на Чави Ал Сад.

Не би требало да има никаков проблем, а интересно е што Барселона веќе постигнала договор со својот поранешен играч.

Шпанските медиуми пишуваат дека Чави се согласил на понудата на Барселона, според која ќе заработува многу помалку отколку во катарскиот клуб, а колку ќе заработува годишно ќе зависи од резултатите, односно исполнетите цели.

За крај да додадеме дека до официјалното доаѓање на Чави, тимот од клупата ќе го предводи Бархуан, кој минатиот викенд го предводеше тимот против Алавес (1:1).