Connect with us

Фудбал

Чави одржа состанок со Дембеле и Сисок и јасно им кажа: „Ако останете…“

Усман Дембеле се наоѓа во многу тешка позиција во Барселона откако одби да го продолжи договорот.

Дембеле има договор со Каталонците до крајот на оваа сезона, па челниците на Барса во неколку наврати се обидоа да преговараат за нов договор, но францускиот репрезентативец секој пат ја одбиваше нивната понуда.

После тоа, неговиот агент Муса Сисоко изјави дека Дембеле ќе остане само доколку зема годишна плата од 40 милиони евра, што е невозможна мисија за Барселона.

Во Барселона беа лути поради уцената на неговиот агент, а Чави Ернандез изјави дека е разочаран бидејќи Дембеле во неколку наврати му кажал дека ќе остане во клубот и ќе го продолжи договорот.

На крајот Чави во договор со клупските челници реши да го отстрани Дембеле од конкуренцијата за натпреварите на Барселона, а Французинот нема настап на претходните два натпревари. Доби јасна порака да го напушти клубот до крајот на јануари или доколку остане и не го продолжи договор нема да игра до крајот на сезоната.

Агентот на Дембеле вчера пристигна во Барселона, а угледната Марка објави дека вчера бил одржан состанок на кој присуствувале Дембеле, Сисоко и Чави. Секако, главна тема беше иднината на францускиот играч.

Марка објави дека Чави јасно им кажал на Дембеле и на неговиот агент дека ќе игра само доколку го продолжи договорот и дека најдобро е да го напушти клубот доколку нема намера да ја продолжи соработката.

Тој исто така јасно стави до знаење дека Дембеле ќе остане на трибините доколку остане во Барселона и не ја продолжи соработката. Единствената опција да продолжи да игра во дресот на каталонскиот клуб е да ги прифати условите кои му ги нуди Барса и да го продолжи договорот.

Сисоко изјави дека се отворени за преговори за нов договор, но дека понудата на Барселона мора да биде многу подобра. Тој преговара и со други клубови, а Дембеле во последно време најмногу се поврзува со трансфер во ПСЖ.