Фудбал
Чави се врати дома, по него во јануари следуваат трансфер бомби
Чави Ернандез, легендарниот фудбалер на Барселона, и официјално ќе биде нов тренер, но тоа е само најава за она што ќе следува во јануари. Првиот човек на Барселона на новиот тренер ветил неколку супер засилувања.
-Планираме да се засилиме на три позиции во зимскиот преоден рок и да донесеме еден играч кој ќе биде кандидат за „Златната топка“. Околу конкретните имиња ќе зборуваме со нашиот нов тренер Чави Ернандез – изјави Лапорта, без да открива имиња.
На Барселона итно и е потребен напаѓач бидејќи кариерата на Серхио Агуеро е под знак на прашање поради проблемите со срцето и како опција фигурира името на Душан Влаховиќ од Фиорентина. Италијанскиот тим за својот најдобар играч бара 80 милиони евра, но каталонците се надеваат дека ќе ја спуштат цената на 50-60 милиони.
Како опција во одбраната се споменуваше името на дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде, но новиот тренер го цени и Кингсли Коман од Баерн Минхен по кого би можел да тргне во зимскиот преоден рок.