Connect with us

Фудбал

Чех: Имам договор и ќе се борам да останам во Арсенал

Голманот Петр Чех изјави дека не преговара за враќање во Челзи и дека ќе се бори да го задржи своето место во Арсенал, откако новиот тренер Унаи Емери во тимот го донесе Бернд Лено.

– Имам договор со Аренал и размислувам само за новата сезона. Постои конкуренција меѓу голманите и во тој поглед Арсенал има доста опции. Се трудам да му покажам на тренерот дека заслужувам следната сезона да бидам во стартната постава, истакна 36-годишниот голман, чиј договор истекува следното лето.

Чех мината сезона ја почна како прва опција на голманската позиција, но на крајот на сезоната голот на Арсенал го бранеше Давид Оспина.

Гласините за заминувањето на Чех во неговиот поранешен тим дополнително беа засилени и со најверојатното заминување Тибо Куртоа од Челзи во Реал Мадрид.