Фудбал
Челзи без Канте на следните два меча
Лондонски Челзи ќе биде лишен од услугите на францускиот играч за врска Нголо Канте во следните два натпревари.
Менаџерот на Челзи, Френк Лампард денес потврди дека нема да смета на Канте во следните два натпревари.
Имено, овој фудбалер има мала повреда на тетивата, па Лампард реши да го одмори во дуелите со Мореком и Фулам.
Да потсетиме, оваа сезона Канте одигра 17 натпревари за Челзи во Премиершип, а е член на лондонскиот клуб од 2016 година. Тој пристигна во Челзи од Лестер Сити.