Фудбал
Челзи даде зелено светло за натпревар во Лигата на шампионите, но дербито со Ливерпул се поверојатно е да се одложи
Челзи доби зелено светло да продолжи со натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против РБ Салцбург, кој треба да се одигра на Стемфорд Бриџ во среда. Во оваа фаза нема причина да се одложи средбата.
Манчестер Сити е домаќин на Борусија Дортмунд на „Етихад“, а натпреварот исто така ќе се одржи според планираното засега.
Сериозни сомнежи има околу натпреварот во четврток од Лигата на Европа помеѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен.
Неделното дерби во Премиер лигата меѓу Челзи и Ливерпул на „Стемфорд Бриџ“ речиси сигурно ќе биде одложено, според последните извештаи.
„Сините“ треба да бидат домаќини на тимот на Јирген Клоп во нивниот прв натпревар под водство на новиот менаџер Греам Потер, но погребот на кралицата треба да се одржи помалку од 24 часа подоцна, со што дербито е доведено во прашање.
Се очекува да бидат одложени и другите натпревари од распоредот на Премиер лигата.