Connect with us

Фудбал

Челзи и Јувентус преговараат со Атлетико околу Савиќ

Стефан Савиќ, како што тврди добро информираниот „Sky Sports“, може да го напушти Атлетико Мадрид.

Црногорскиот репрезентативец ја заврши третата сезона на Атлетико, а добрите перформанси им “фатија око” на лидерите на Јувентус и Челзи, кој ќе направиат се за ова лето да го донесеат во своите редови.

Савиќ има искуство од играње во Англија и Италија, а наводно, нема ниѓто против да го напушти Атлетико, а договор со Атлетико го има до 2020 година.

„Sky Sports“ објави дека Челзи и Јувентус почнале да преговараат со Атлетико за трансфер.

Инаку, Савиќ одигра повеќе од 100 натпревари за Атлетико Мадрид. Во својата кариера тој исто така настапи за Фиорентина, Манчестер Сити, Партизан и БСК од Борча.