Фудбал
Челзи ја продолжува револуцијата – го „позлати“ советникот на ПСЖ
Новиот сопственик на Челзи, Тод Боли, е решен да го доведе Луис Кампос за спортски директор за да ја продолжи револуцијата што сака да ја донесе во клубот, која започна со тренерската реконструкција со која Греам Потер го замени Томас Тухел.
Португалецот моментално работи како советник во Пари Сен Жермен и затоа е без официјална функција во париската структура. „Le Parisien“ открива дека добил многу профитабилна понуда од „сините“ од Лондон.
Челзи нуди осум милиони евра годишна плата на Кампос, како и 300 милиони евра за какви било трансфери што ќе ги реши во два преодни рока – зимата и летото 2023 година.