Connect with us

Фудбал

Челзи му понуди нов договор, а тој ги шокира со својот одговор

Челзи минатата година ги изненади сите со освојување на Лигата на шампионите, а „сините“ сакаат да продолжат да освојуваат трофеи и оваа сезона.

Томас Тухел рече дека целта е Челзи да стане европски шампион, но дека лондонскиот клуб ќе даде се од себе за да се обиде да го одбрани трофејот што го освои во Лигата на шампионите.

Челзи донесе неколку засилувања ова лето, но секако најзвучно е доаѓањето на Ромелу Лукаку, кој пристигна на Стемфорд Бриџ за дури 115 милиони евра од Интер.

Клубот работи и на продолжување на договорите на нивните првотимци, а тие неодамна започнаа преговори со дефанзивецот Антонио Рудигер, кој има договор до крајот на оваа сезона.

Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека германскиот дефанзивец ги изненадил челниците на клубот кога одбил нов договор и им рекол дека сака да го напушти Челзи, бидејќи смета дека е време да најде нов предизвик во неговата кариера.

Челзи му понуди подобрен договор за уште три години, но Рудигер одби, што ги изненади челниците на клубот.

Наводно, германскиот фудбалер би можел да го напушти клубот во јануари со цел Челзи да ја избегне опцијата Рудигер да замине без надомест на крајот на сезоната кога истекува неговиот договор.

Рудигер е цел на неколку клубови и изгледа дека би можел да се врати во Бундеслигата и да игра во дресот на Баерн.

За Челзи ова нема да биде проблем бидејќи „сините“ се решени да го донесат Кунде од Севилја, кој летоска беше на чекор од Челзи, но остана во Шпанија. Но, ако Рудигер го напушти клубот тогаш сигурно е дека Кундес ќе биде негова замена.