Фудбал
Челзи на пенали преку Тотенхем до финалето во Лига купот
Екипата на Челзи ќе игра во финалето на Лига купот по победата над Тотенхем на пенали синоќа на „Стемфорд Бриџ“ во реваншот од полуфиналната пресметка.
Во основниот дел од мечот „сините“ победија со 2:1 и ја анулираа негативата од еден гол од првиот дуел (0:1). Головите за Челзи ги постигнаа Канте и Азар, за Тотенхем погоди Љоренте.
Во пенал „рулетот“ за домаќинот погодија Вилијан, Азпиликуета, Жоргињо и Луиз, а за Тотенхем Ериксен и Ламел, додека Даер и Лукас промашија.
Противник на Челзи во натпреварот за трофејот ќе биде Манчестер сити кој во полуфиналето оствари две победи над Бартон (9:0 и 1:0).