Connect with us

Фудбал

Челзи најде нов голман

Англискиот голман Маркус Бетинели ќе биде новото засилување на актуелниот европски првак Челзи.

Според островските медиуми, Челси и Бетинели се договориле за соработка и трансферот ќе биде официјализиран оваа недела.

Бетинели пристигнува во Челси како слободен агент откако му истече договорот со Фулам, а не е познато колку ќе заработува годишно во редовите на „сините“.

Овој голман својата сениорска кариера ја започна во Фулам во 2010 година, а освен во споменатиот клуб, во досегашната кариера ги бранеше боите на Дартфорд, Акрингтон и Мидлсброу.

Покрај Челси, за неговите услуги беа заинтересирани уште неколку клубови, а најупорен беше Астон Вила, но на крајот „сините“ сепак победија.

Бетинели исто така влезе во младинската репрезентација на Англија, а во септември 2018 година доби покана од селекторот на А тимот, но не регистрираше настап.

Тој минатата сезона играше на позајмица во Мидлзборо и бранеше на 41 натпревар во Чемпионшип. Прими 45 гола, а во 13 наврати успеа да ја зачува мрежата недопрена.

Патем, Бетинели се досели во Англија од Италија, а неговиот татко Вик е поранешен голман, кој сега работи во Академијата Фулам со многу успех.