Connect with us

Фудбал

Челзи нуди 55 милиони евра за 32-годишен напаѓач

Англиски Челзи има намера да се засили со искусен напаѓач. Тимот од Лондон се подготвува да го привлече напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани, објави „Дејли Експрес“. Раководството на Челзи ќе дејтвува уште во јануари и планира да им понуди на парижаните 55 милиони евра.

Уругвајскиот репрезентативец игра за гигантот од Франција уште од 2013 година. Договорот на 31-годишниот Кавани со ПСЖ е во сила до крајот на сезоната 2019/20. Во оваа сезона, напаѓачот постигна 10 гола и даде 1 асистенција во 11 натпревари. Во Лигата на шампионите, статистиките на Уругваецот се 2 гола и 1 асистенција во 6 натпревари.

Челзи има проблем со реализацијата. По 21 круг во англиската Премиер Лига, тимот е на четвртото место со 44 поени.