Connect with us

Фудбал

Челзи одби да плати за Сари

Крајниот рок за плаќање на осумте милиони евра утврдени во договорот за менторот на Наполи, истече синоќа, но сумата не беше префрлена во канцелариите на „Сан Паоло“.

Иако беше отпуштен од Наполи и Карло Анчелоти беше назначен на негово место, според италијанските закони, договорот на менторот останува во сила ако не биде раскинат со взаемна согласност. Сега последната опција за Сари е да се обиде да го прекине договорот по судски пат, но процесот може да биде долг, а Челзи не е подготвен да чека.

Најновите вести се дека „сините“ веќе размислуваат за други опции за нов менаџер, а најспоменуван е Лоран Блан. Екипата може и да го задржи својот сегашен менаџер Антонио Конте, кој има договор за уште една година.