Connect with us

Фудбал

Челзи руши рекорд со трансфер, стигна потврда од сестрата на фудбалерот

Веќе следниот месец Каи Хаверц ќе биде нов фудбалер на Челзи. Ова го тврди неговата сестра Леа Хаверц на Твитер преписки. Нешто слично најави и Лерој Сане кога беше промовиран во Баерн Минхен како нов играч.
Хаверц ги договорил личните услови, а иако Баер Леверкузен бара 100 милиони евра за него, сепак на крајот тој ќе биде продаден за 80 плус бонуси. Кога ќе се реализира овој трансфер, Кепа Аризабалага нема да биде најскапиот трансфер на Челзи, за кој на Билбао му плати 80 милиони евра.