Фудбал
Челзи се пушта во (не)возможна мисија, испраќа понуда за Роберт Левандовски
Англискиот тим Челзи тргнува во амбициозен поход за ангажман на Роберт Левандовски. Велиме амбициозен, затоа што тешко е да се поверува дека Баерн Минхен ќе го пушти својот најдобар фудбалер во изминатите неколку сезони. Сепак, веројатно ако пристигне добра понуда и доколку самиот фудбалер изрази желба да замине, можно е да се случи и промена на клупските бои.
Левандовски во моментов не размислува за трансфер, но сепак…
-Се чувстввуам добро во Баерн, го сакам овој град. Ова е одличен клуб. Сепак, секогаш сум бил љубопитен да научам нови јазици и култури. Но, не знам дали ќе се случи во текот на играчката кариера, или по неа, вели Левандовски.