Фудбал
Челзи стиска раце со Фофана, Лестер го чека
Челзи се договори со фудбалерот на Лестер Весли Фофана за неговите лични услови пред неговиот трансфер од стадионот „Кинг Пауер“ на „Стемфорд Бриџ“, објави италијанскиот новинар и стручњак за трансфери Фабрицио Романо.
Сепак, зделката за Французинот е далеку од завршена, бидејќи сега лондончани треба да се договорат со Лестер за трансферната сума на играчот. „Лисиците“ бараат огромни 85 милиони фунти за Фофана, но Челзи не може да си дозволи да плати толку.
Во меѓувреме, Фофана на раководството на Лестер му порача дека сака да биде продаден, а досега имаше две понуди за него од Челзи – првата за 63, а втората за 70 милиони фунти, но и двете беа одбиени и сега расплетот на случајот се чека.