Connect with us

Фудбал

Честитки за „Кралот Пандев“ и 100-ката од сите страни, а од ФФМ само еден „ретвит“

Published

on

Горан Пандев, заедно со Дарко Панчев, е најдобриот фудбалер кој некогаш го имала Македонија. Освојувач на тројна круна со Интер, Куп пехари со Наполи и Лацио. Најдобар стрелец на репрезентацијата, го постигна одлучувачкиот гол за пласман на Европско за прв пат во историјата, голем професионалец, спортист, а кој добро го познава ќе рече и добар човек. Но, откако го постигна 100-тиот гол во италијанската Серие А и влезе во Клуб 100, се чини дека ова не е „голема работа“ за Фудбалската федерација на Македонија.

Молк на социјалните мрежи, молк на интернет страницата, нема честитки, нема овации од ФФМ за нашиот најдобар фудбалер. Само еден мал „ретвит“ од она што го објави Џенова на својот твитер налог синоќа. Иако за Џенова игра пет години, Пандев за нив е „Крал“. Иако за македонската фудбалска репрезентација игра дваесет години, за ФФМ се чини дека не е важно што тој стана првиот Македонец кој постигнал 100 голови во една од најсилните фудбалски лиги во светот.

Дали молкот на ФФМ е вушност резултат на неговите отворени настапи пред неколку дена во кои ја критикуваше нивната работа. Настапи во кои го критикуваше тоа што УО на ФФМ на чело со претседателот Мухамед Сејдини „лапнале“ по 20 илјади евра бонус поради тоа што Македонија се пласираше на ЕП. Дали молкот на ФФМ е поради тоа што Пандев откри дека сакале да го сменат селекторот Ангеловски непосредно пред баражот со Грузија?

Но, претседателите на ФФМ се минлива категорија, за некоја година никој нема да се сеќава дека Сејдини бил на чело на федерацијата. Но, фудбалската класа е вечна. За Горан Пандев ќе се зборува со генерации. А, односот кон него само доволно говори какви луѓе ја водат ФФМ.

 

 

Facebook