Connect with us

Фудбал

Четворица се сменија, Солскјер успеа на дебито: Вакво нешто не се случило уште од ерата на Фергусонv

Оле Гунар Солскјер дебитираше на клупата на Манчестер Јунајтед со победа против својот поранешен клуб Кардиф.

Колку што победата сама по себе е успех, толку поимпресивно делува конечниот резултат 5-1 кој најдобро демонстрира колку моќен бил тимот од Олд Трафорд.

Уште поинтересно е тоа што Јунајтед на овој меч постигна пет гола, првпат во Премиер лигата по ерата на Фергусон, односно по 2013 година. Последен пат, пет гола „ѓаволите“ дале против ВБА на последниот натпревар во кариерата на најтрофејниот менаџер во историјата на клубот, на 19 мај 2013 година со тоа што тогаш не успеа да победи, туку натпреварот заврши 5-5, а блескаше Ромелу Лукаку во дресот на противничкиот тим со хет-трик. Од тој натпревар се сменија четворица тренери на клупата: Дејвид Мојс, Рајан Гигс, Луис ван Гал и Жозе Мурињо и ниеден од нив не успеа да го повтори тоа.

Последната победа на Јунајтед со пет постигнати гола е од 18 март 2012 година кога е совлада Вулверхемптон на гостински терен со 0-5.

Извор: sportclub.mk