Фудбал
Чурлинов: Со Господ напред до пласман на ЕП (ВИДЕО)
Македонската репрезентација за играчи до 21 година утре игра против Израел, со што ќе се обиде да забележи уште една победа по онаа против Казахстан. Целта секако е баражот за ЕП, бидејќи во групата неприкосновена е Шпанија.

Напаѓачот Чурлинов вели дека е најважно тие максимално да се залагаат на секој меч, а за пласман на ЕП ќе биде потребна и помош од Господ.
Мечот се игра утре со почеток во 14:30 часот во Скопје.