Фудбал
„Да бев шеф, ќе го истерав Хамилтон“
Луис Хамилтон се уште нема потпишано нов договор со Мерцедес.
Еди Џордан е многу лут на Мерцедес затоа што според него премногу долго чекаат за Хамилтон да донесе одлука.
Џордан смета дека Германците треба јасно да му кажат на светскиот шампион дека сите возачи се менуваат
„Само што слушнав дека Луис сака повеќе отколку што Мерцедес е подготвен да плати. Исто така, станува збор за споделување на приходите на тимот и играње влијателна улога во Мерцедес“.
„Да бев шеф, ќе му ја покажев вратата: или возиш под наши услови или одиш“, додаде Џордан.
„Исто така, би му кажал што рече Берни Еклстоун по смртта на Аиртон Сена. Дури и ако Берни беше шокиран и тажен како и сите други, прв се вразуми и ни рече: престанете да кукате сега. Сите се менуваат. Луис веќе треба да го знае тоа“.