Connect with us

Фудбал

„Да имаше технологија таа сезона, ние ќе бевме шампиони, а не Јувентус“

Поранешниот голман на Интер, Џанлука Паглиука, тврди дека ќе имаше уште едно Скудето доколку имаше технологија.

Паглиука верува дека Интер требаше да биде шампион во сезоната 1997/98 во која титулата и припадна на Јувентус, а таа сезона не беше опфатена со истрагата на Калчополи.

“Во сезоната 1997/98, Роналдо пристигна и го освоивме Купот на УЕФА, а Јувентус го “украде” нашето Скудето. Тоа беше фантастична година и можеше да биде историска, но не беше”, рече Паглиука.

„Видовме голови кои не беа досудени кога топката јасно ја мина границата, не беа досудени неколку неверојатни удари од белата точка. Имаше многу, многу чудни ситуации“, додаде тој, заклучувајќи:

„Да имаше ваква технологија во тоа време, ќе имав уште едно Скудето.“

Паглиука ја освои единствената титула со Сампдорија во сезоната 1990/91, а со Интер единствен трофеј беше освојувањето на Купот на УЕФА.