Поврзи се со нас

Фудбал

Да немаше коронавирус, ќе имаше спектакл-Тотенхем во Скопје „сокриен“ од јавноста

Англискиот тим Тотенхем попладнево со чартер лет ќе допатува во Скопј.  Поради коронавирусот има строги безбедносни протоколи. Наместо во Скопје, прес конференцијата ја одржаа во Лондон, како и тренингот. Во Скопје само ќе преспијат, а потоа утре ќе го одиграат мечот против Шкендија во третото квалификациско коло од Лига Европа. Да немаше коронавирус овој настан ќе беше вистински спектакл. По втор пат за три години Жозе Мурињо со негов тим е во Македонија. Претходно во 2017-та го предводеше Манчестер Јунајтед во рамките од Суперкупот на УЕФА против Реал Мадрид. Според информациите на овој меч Тотенхем ќе настапи во најсилен состав, единствено ќе го нема новото засилување Герет Бејл кој има повреда. Мечот се игра утре вечер на Арената „Тодор Проески“ со почеток во 20 часот.

 

Advertisement

Facebook

Реклама