Connect with us

Кошарка

Далас сака да го патентира прекарот на Дончиќ (Фото)

Лука Дончиќ сезонава е најголемото откритие во НБА лигата. Со своите настапи во дресот на Далас, 19-годишниот словенечки кошаркар ги воодушевува љубителите на кошарката и веќе сигурно е кандидат број 1 за дебитант на годината во најсилната кошаркарска лига во светот. Дончиќ беше трет пик на минатогодишниот драфт во НБА избран од Атланта, но потоа во размената замина во Далас.

Тоа се покажа како одличен потег на Далас, бидејќи Словенецот со своите настапи ја остава без здив американската јавност. Уште од сега тој веќе е еден од најпопуларните кошаркари во САД, а тоа најдобро го покажува и потегот на Далас кој сака да го заштити неговиот прекар „Ел Матадор”. Од клубот веќе поднеле барање во Американската дирекција за патенти (УСПТО) и наскоро треба да добијат одобрение.

Во тој случај Далас ќе биде сопственик на прекарот за Дончиќ и во случај Словенецот да ги напушти нема да може да го користи прекарот без дозвола од овој клуб.

Резултати: Шарлот – Далас 84:122, Кливленд – Мајами 92:117, Вашингтон – Атланта 114:98, Бруклин – Њу Орлеанс 126:121, Бостон – Минесота 115:102, Чикаго – Орландо 84:112, Мемфис – Детроит 94:101, Феникс – Филаделфија 127:132, ЛА Лејкерс – Оклахома 100:107.