Connect with us

Фудбал

Далеку од војната: Најсрамотната парола од почетокот на руската инвазија на Украина (ФОТО)

Руската инвазија на Украина започна пред повеќе од три недели, неколку мировни преговори пропаднаа и тешко е да се каже кога ќе биде запрена војната.

Настаните во Украина со големо внимание се следат ширум светот, досега многумина реагираа и повикуваа на мир, но она што го направија навивачите на Верона е, најблаго речено, срамно.

Имено, навивачите на Верона пред стадионот Бентегоди закачија парола со која ги повикаа Украина и Русија да го бомбардираат Неапол.

Овој срамен слоган беше обесен пред натпреварот Верона – Наполи, а на него покрај украинското и руското знаме се испишани и координатите на Неапол.

Познато е дека навивачите на другите клубови од Серија А многу често ги навредуваат наполитанците на територијална основа, но навивачите на Верона овојпат дефинитивно претераа.

Слоган кој дефинитивно не заслужува никаков коментар и ги преминува сите граници на здравиот разум бидејќи е спротивен на темелите на човештвото без разлика на ривалството меѓу двете навивачки групи.