Фудбал
Дали е на повидок скандал кој ќе ја тресе Шпанија-Завера против Барселона?!
Откако судијата означи крај на „Ел Класико“, битката помеѓу Барселона и Реал Мадрид продолжи надвор од теренот. Причина е досудениот пенал за „Кралевите“. Каталонците тврдат дека постои снимка со која ќе докажат дека имало завера против нив, односно дека главниот судија на овој меч работел против нив.
That’s a clear penalty on Sergio Ramos. Lenglet pulling his shirt. pic.twitter.com/Y0p3g792Hz
— TC. (@totalcristiano) October 24, 2020
Наводно од ВАР собата му асистирале на главниот арбитар дека нема пенал во ситуацијата при влечењето на Рамос од страна на Легнле и дека играта може да продолжи. Сепак, судијата не ги послушал инструкциите, па покажал на белата точка. Барселона бара снимката од разговорот помеѓу главниот судија и ВАР собата целосно, без интервенции да се пушти во јавноста. Исто така сметаат дека делегирањето на Хуан Мартинез Мунуер е намерно, и дека е завера против Барселона, бидејќи како што велат Веласко Карваљо наводно делегира судии на мечевите на каталонскиот клуб кои имале проблеми во минатото со нив.
Инаку, на „Ел Клаиско“ одиграно викендов Реал Мадрид славеше со 3:1, а голот за 2:1, по што се „прекрши“ мечот, го постигна од пенал во 63-та минута токму Рамос. Сепак, на снимката се гледа дека има влечење за дрес од Ленгле, но што се случувало во ВАР собата, никој не знае освен судиите.