Connect with us

Тајмаут

Дали е ова нормално? Никогаш не бил поголем бројот на ѕвезди кои нема да одат во СП

Светското првенство ќе започне за 10 дена, но таму нема да бидат многу ѕвезди. Последниот во серијата отпишани ѕвезди е германецот Лерој Сане.

Со денешните списоци на Белгија и Германија, стигнаа и нови разочарувања кај загрижените фудбалски навивачи. Зарем навистина немаше место за Кристијан Бентеке и Лерој Сане?

Но, тоа не е сè. На Светското првенство нема да оди ни Раџа Наинголан поради расправија со тренерот Мартинез, Аргентина го изоставија Мауро Икарди, Шпанците се отпишуваат од Цеск Фабрегас, Алваро Мората, Хектор Белерин и Маркос Аленса.

Во Франција не беа поканети Адриен Рабиот, Антони Марсијал, Димитри Паѕет, Александар Лаказет и Карим Бензема.

Исто така, ќе ги нема ни Рубен Навас, Хави Мартинез, Мустафи, Лапорте, Семедо, Алекса Сандра, Џо Харт, Џек Вилшер, МариоГеце …

Сите овие фудбалери не добија повици од своите национални тимови, па затоа ќе гледаат натпревари од Русија преку телевизија.

Изоставувањето на овие играчи може да направи некои селекции да платат висока цена, но едно е сигурно, гледањето на натпреварите ќе беа уште подобро и поинтересни, ако и тие беа таму.