Фудбал
Дали Хари Кејн ќе игра викендов?
Менаџерот на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто откри дека се уште не е донесена одлука дали Хари Кејн ќе биде вклучен во тимот за натпреварот против Вулверхемптон.
По Европското првенство, Кејн изрази желба да го промени клубот, а сега на секој начин се обидува да го купи Манчестер Сити. Сепак, сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви ги отфрла сите напади на другите тимови и затоа Кејн се уште е во Тотенхем.
Најновата понуда на Сити би требало да изнесува околу 150 милиони фунти и тоа конечно би можело да го скрши отпорот на Леви, и да му обезбеди одлична деветка на Пеп Гвардиола за следните сезони.
Кејн не играше во првото коло против Сити, а сега неговиот настап во второто коло против Волвс е под знак прашалник, додека го пропушти и натпреварот во четвртокот во конференциската лига против Фереира. Точно, тој натпревар го пропуштија сите важни играчи на лондонскиот тим.
„Кејн тренираше вчера, ќе тренира денес и ќе донесеме одлука. Жал ми е што постојано го повторувам истото, но вака работиме. Секојдневно сум запознат со ситуацијата на Кејн“, рече Санто.
Сепак, новинарите во Англија, како и навивачите на Тотенхем, веруваат дека Кејн ќе си замине доколку не е во составот за натпреварот против Вулверхемптон, бидејќи нема причина да не одигра барем еден дел од натпреварот.