Connect with us

Фудбал

Дали има смисла ова? Сити на 13-годишниот талент му исплати половина милион евра

По поразот во финалето од Лигата на шампионите, сопствениците на Манчестер Сити веќе се свртија кон иднината и новите предизвици со кои се соочува нивниот клуб.

Не е тајна дека богатите сопственици на клубот од „Етихад“ не се запознаени со издвојување чудесни суми пари за играч, и се чини дека овојпат отидоа чекор подалеку Имено, тие платија смешни 500.000 евра за последното засилување во нивниот клуб, но во тоа немашеда има ништо чудно тоа да не беше 13-годишно дете.

Станува збор за младиот Леке Дрејк, ученик на младинската школа „Стивениџ“. Тоа е тим кој се натпреварува во четвртиот ранг фудбал на Островот.

„Овој потег е кулминација на успехот на нашата академија кога станува збор за развој на таленти. Имаше неколку клубови од Премиер лигата заинтересирани за Дрејк, но во толку деликатна возраст важно е да почекаме и да донесеме правилна одлука, што и направивме“, рече претседателот на клубот.

Челзи и градскиот ривал на Сити, Јунајтед беа заинтересирани за младиот талент, но тој заврши во синиот дрес на Манчестер.