Фудбал
„Дали ми пречи што го видов Меси понижен? Не, забавно е“
Баерн вечерва ја совлада Барселона во Лисабон со 8:2 и стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите.
Баварците одиграа натпревар за паметење и ги понижија Каталонците, кои нема да го заборават овој пораз додека се живи.
По натпреварот, играчот на Баерн, Леон Горецка, доби интересно прашање. А тоа беше: Дали ви е жал што го видовте идолот Лионел Меси понижен?
„Дали ми е жал што го видов таков? Не, беше забавно“, рече Горецка.
Сосема фер.