Connect with us

Фудбал

Дали Милан го објави крајот на кариерата на Златан Ибрахимовиќ!?

Златан Ибрахимовиќ моментално е во шведската репрезентација и се подготвува за големиот натпревар.

Имено, неговата репрезентација во вторник ќе се соочи со Полска во финалето на баражот за Светското првенство, откако во полуфиналето по продолженијата ја совлада Чешка.

Златан Ибрахимовиќ го пропушти тој натпревар поради суспензија, но во финалето ќе му биде на располагање на својот тренер.

Медиумите во Италија во екот на репрезентативниот собир ја пласираа веста дека Милан е подготвен да му понуди на Ибрахимовиќ нов едногодишен договор.

Имено, Ибра би заработувал два и пол наместо досегашните седум милиони евра по сезона, но му ја понудиле и функцијата директор и прв соработник на Паоло Малдини веднаш по истекот на договорот во летото 2023 година.

Дали Милан со ова навести кога Ибрахимовиќ ќе ја заврши кариерата и ќе се збогува од фудбалот?

Да се ​​потсетиме што рече Златан пред неколку дена.

„Најдобро се чувствувам на теренот. Благодарен сум и среќен што имам 40 години и играм на високо ниво и што можам да ја претставувам мојата земја. Да, имав многу повреди во последните години, но морам да го прифатам тоа. Не сакам ништо подоцна да се каам. Се трудам да го искористам максимумот од секој момент. Да, признавам, ме фаќа паника кога мислам дека ќе престанам да играм фудбал“, призна Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ имал и мал страв за тоа што ќе биде следно.

„Знам дека подоцна ќе имам разни можности, дека ќе добивам многу различни понуди, но адреналинот што го добивам на теренот, нема да го добијам никаде на друго место. Затоа ме фаќа паника. Ќе продолжам додека можам и само ќе уживам, но тоа е добро чувство и не се жалам“.

Дали се чувствувате тажно што ова патување (фудбал) може да заврши наскоро?

„Кога ќе престанам да играм, ќе се чувствувате тажно, ќе уживате додека сум на теренот. Никогаш повеќе нема да видите нешто слично. Ќе го видите Еланг, но никогаш повеќе нема да го видите Ибрахимовиќ“, одговори тој во свој стил, со смеа.