Фудбал
Дали Наполи ќе ја доживее судбината на Јувентус, под истрага трансферот на Осимен!?
Италијанското обвинителство ги „чешла“ документите на Наполи, кои се поврзани со трансферот на Виктор Осимен. Тој во Наполи пристигна во 2020-та од Лил за 75 милиони евра, а наводно имало одредени неправилности при овој трансфер, пред се во финансиите.
Италијанските медиуми пренесуваат дека ако се докажат малверзации, можно е Наполи да биде казнет, слично како Јувентус, кој исто така поради малверзации во финансиските книги при трансфери, е казнет со одземање на 15 бодови, но и суспензија на челните луѓе, на чело со Андреа Ањели.