Фудбал
Дали Несторовски во јануари го напушта Удинезе?!
Илија Несторовски беше долго време повреден, но по опоравувањето не добива голема минутажа во Удинезе. На мечот со Наполи и поразот од 3:2 постигна гол кој беше негов прв по пауза од неколку месеци, поточно од мај оваа година кога последен пат на официјален меч стрелаше против Салернитана.
Сега, во италијанските медиуми се појави информациија дека Специја е заинтересирана уште во јануари да го види во своите редови. Со оглед на тоа дека минутажата е мала во Удинезе, може лесно да се случи Несторовски да одлучи да ги смени клупските бои. Тренер на Специја е Лука Готи со кого Несторовски соработуваше во Удинезе и кај кого уживаше поголема доверба во однос на сега.