Connect with us

Фудбал

Дали Реал Мадрид има помош од судиите? (ВИДЕО)

Реал Мадрид по втор пат за само четири дена се најде на мета на критики поради наводното фаворизирање од судиите.

Откако претседателот на Атлетико, Мигел Анхел Хил Марин го обвини Реал дека има судиска помош, дојде до нова контроверзна ситуација, која ја потенцираат шпанските медиуми.

Атлетико тврдеше дека се оштетени бидејќи судијата не го досуди прекршокот на Дани Себаљос над Томас Лемар за втор жолт картон.

Сега Реал се најде во нова контроверзна ситуација откако Начо Фернандез помина без опомена поради “банана“ блокада, во кошаркарски стил, спречи изведување на аут.

Во тие моменти веќе имаше еден жолт картон.

Реал Мадрид сепак ремизираше со Реал Сосиедад без голови.