Connect with us

Фудбал

Дали Сити го бара невозможното од Барселона за Стерлинг?

Фудбалерот на Манчестер Сити и англиски репрезентативец Рахим Стерлинг, би можел да ги засили редовите на Барселона.

Во последно време се повеќе странски медиуми пишуваат за трансферот на Стерлинг од Сити во Барселона, а како што се наближува зимскиот преоден рок се повеќе се споменува начинот на кој би се реализирал трансферот.

Граѓаните наводно се подготвени да го пуштат Стерлинг, но сакаат во трансферот да го вклучат голманот на Барселона, Тер Штеген, но шпанскиот клуб до пред неколку дена отфрлаше таква опција.

Сепак, и покрај таквиот нивен став, здравствените проблеми на Агуеро би можеле да ги „присилат“ да ја променат својата одлука, па ќе биде интересно да се следат случувањата поврзани со ова прашање.

Да потсетиме, пред неколку дена Стерлинг призна дека сака да ги напушти редовите на Манчестер Сити: „Ако има можност, подготвен сум да најдам нов клуб. Морам да учам други јазици, а многу ми се допаѓаат францускиот и шпанскиот“, изјави Стерлинг.

Стерлинг пристигна во Сити во 2015 година од Ливерпул. За „граѓаните“ одигра вкупно 307 натпревари и постигна 116 гола на кои додаде 89 асистенции.

Сезонава одигра 15 натпревари во сите натпреварувања со ефект од два гола и исто толку асистенции.

Реклама

Facebook

Реклама