Connect with us

Фудбал

Дали Тотенхем во Скопје ќе дојде со двете нови засилувања од Реал Мадрид?!

Велшкиот интернационалец од редовите на Реал Мадрид, Герет Бејл во текот на денешниот ден треба да лета за Лондон, каде треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа да потпише договор со Тотенхем. Како што јавуваат шпанските, но и англиските медиуми, сумата за позајмицата ќе биде 20 милиони евра, а по завршувањето на сезоната Бејл ќе потпише перманентен договор.

Она што е интересно за нас, секако е тоа дали ќе игра следниот четврток во Скопје. Доколку се официјализира соработката со Тотенхем во текот на денешниот ден, тогаш е можно Бејл да биде на располагање на Жозе Мурињо за гостувањето во Скопје во четврток против Шкендија во рамките на третото квалификациско коло од Лига Европа.

Уште еден фудбалер треба да потпише за Тотенхем, а тоа е Серхио Регилон, кој за сума од 30 милиони ќе се пресели во Лондон. Тој е фудбалер на Реал Мадрид, а иако минатата сезона играше одлично на позајмица во Севиља, сепак Зинедин Зидан не смета на неговите услуги.