Connect with us

Тајмаут

Дали знаете кој клуб има најмногу фудбалери во полуфиналето на СП?

Светското првенство во Русија се приближува кон крајот, а до крајот остануваат само уште четири натпревари – два полуфинални натпревари, натпреварот за третото место и финалето.

Додека сите се подготвуваме за натпреварите помеѓу Франција – Белгија и Хрватска – Англија, спортските медиуми пронаоѓаат бројни интересни теми за пишување. Една од нив е врзана за клубовите кои имаат најмногу претставници на Мундијалот, а пред сите е Тотенхем.

Клубот од Лондон има дури девет фудбалери на Светското првенство, што до некаде е и логично со оглед на тоа што Англија се пласира во следната фаза (Кејн, Али, Трипер, Диер…). Меѓутоа, Тотенхем има свои фудбалери и во останатите селекции, Лорис во Франција, Дембеле и Алдервајрелд во Белгија… Тоа е разликата со која Тотенхем е пред останатите клубови.

После Тотенхем, најмногу претставници имаат, истоа така англиски клубови, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челзи (по седум), а потоа Ливерпул со четири претставници.

По четири фудбалери имаат и Барселона, ПСЖ, Монако…

Интересно е да се каже дека Реал Мадрид има само три претставници и тоа Модриќ, Ковачиќ и Варан.