Фудбал
Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда
Хрватскиот селектор Златко Далиќ, по победата над Англија (2:1) и пласманот во финалето на Светското првенство рече дека неговиот тим има шанса да ја одмазди селекцијата од 1998 година.
– Франција има квалитетен тим, врвни играчи. Нас не чека тешка работа. Двете екипи имаат квалитет, а на нас е да се подготвиме и одиграме најдобро што можеме. Бог ни даде шанса да се одмаздиме за поразот на Мундијалот во 1998 година, изјави Далиќ.
Финалето на Мундијалот во Русија се игра в недела со почеток во 17 часот.