Фудбал
Далиќ му подготвува изненадување на селекторот на Англија
Хрватска на Европското првенство денес го игра својот прв натпревар каде кој ќе се соочи со Англија на „Вембли“ во 15:00 часот.
Иако остануваат уште неколку часа до почетокот на натпреварот, селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, сè уште не е сигурен со кој тим ќе се соочи со Англија.
Далиќ има најмногу дилеми во офанзивниот дел, а како што пишуваат хрватските медиуми, Далиќ подготвува изненадувања за селекторот на англиската репрезентација.
Наводно, Бруно Петковиќ нема да биде на врвот на нападот, а неговата позиција треба да ја заземе Анте Ребиќ, кој исто така знаеше да игра на истата позиција во Милано во текот на сезоната.
Сепак, тоа не е сè, односно Далиќ има намера да го искористи Андреј Крамариќ на „Вембли“ како десно крило, иако овој фудбалер не ја покриваше често оваа позиција во кариерата.
Перишиќ треба да игра на лево крило, додека Брозовиќ, Модриќ и Ковачиќ се очекува да ја покријат средината на теренот.
Што се однесува до бековската линија, може да има промена во споредба со некои претходни игри, и тоа во позиција на лев бек. Наместо стандарднниот Борна Баришиќ, селекторот на хрватската репрезентација ќе му ја даде можноста на младиот 19-годишен Јошко Гвардиола.
Врсаjко ќе го заземе местото во одбраната долж десната аут линија, а стоперската двојка ќе биде Вида и Чалета-Кар. Доминик Ливаковиќ се очекува да биде на голот.