Connect with us

Ракомет

Данска фаворит за златото, Македонија нема да ја помина групата на СП

Ако може да и се верува на најпознатата обложувалница во светот „Вилијам Хил“, репрезентацијата на Данска ќе ја осови титулата на Светското првенство во Германија и Данска, кое ќе се игра од 10 до 27 јануари.  За освојување на титулата високо котираат и репрезентациите на Франција (вторт фаворит), потоа селдат Германија и Шпанија.

Што се однесува до балканските репрезентации, Хрватска е седми фаворит за осовјување на титулата, што на избраниците на селекторот Лино Червар ќе им донесе настап во олимписките квалификации за Игрите во Токио, во 2020 година. Обложувачницата на 11 и 12 место ги рангираше Македонија и Исланд, но ако се погледнат квотите по групите  тогаш се гледа дека поголеми шанси за поминување од МИнхен во Келн, во главната фаза имаат Исланѓаните.

Репрезентацијата на Србија која одигра два пријателски натпревари со репрезентацијата на Македонија, според „Вилијам Хил“ нема да ја минат групата, туку покрај Германија и Франција, третопласирана ќе биде селекцијата на Русија. „Орлите“ наводно ќе го завршат првенството меѓу 13 – 15 место, а во групата ќе се борат за четвртото место со Бразил и Египет.

Сепак, македонската репрезентација со многу поголеми амбиции утрово отпатува за Минхен каде ќе ги игра натпреварите од групната фаза. Селекторот Раул Гонзалез, одлучи конечниот список да го соопшти по последниот тренинг кој беше доцна попладне и според сите најви трбаше да одбере 18 ракометари, шеснасет кој ќе бидат во составот и две резерви.

„Црвено  – жолтите“ настапот на Мундијалот ќе го започнат на 11 јнуари со меч против Јапонија со почеток во 15.30 часот. Македонија во Б – групата освен со Јапонија ќе игра уште со Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. Пропласираните три репрезентации ќе се пласираат во следната фаза.