Фудбал
Давид Алаба на маса со два клуба во јануари
Давид Алаба ќе стане слободен агент следното лето.
Австриецот не успеа да се договори со Баерн за нов договор и следното лето ќе бара друг клуб како слободен агент.
Уште во јануари, овој дефанзивец може да започне преговори со други тимови. Тој ќе го стори тоа, а неговиот агент Пини Захави наводно веќе има закажано средби со двата клуба.
Тоа се ПСЖ и Челзи. Двете екипи би сакале да го видат Алаба во своите редови и ќе се обидат да најдат заеднички јазик со Захави околу донесувањето на неговиот клиент.
Алаба со бонуси побара од Баерн скоро 25 милиони евра годишно. Сепак, баварскиот клуб не сакаше да ги исполни неговите желби и сите преговори за нов договор беа завршени.
Ќе видиме дали ПСЖ и Челзи се подготвени да ја платат оваа бројка и кој од нив ќе го ангажира овој фудбалер.
Алаба целата своја кариера ја помина во Баерн. Одигра 398 натпревари за великанот од Минхен и постигна 32 погодоци.