Фудбал
Давид Луиз го напушта Арсенал
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета потврди дека Давид Луиз ќе го напушти Арсенал на крајот од сезоната.
По две години, искусниот бразилски стопер заминува од Емирати, бидејќи неговиот договор истекува на лето.
„Тој даде се што можеше за овој клуб. Со своите човечки квалитети, тој го освои правото да донесе ваква одлука. Ми беше чест да соработувам со него 18 месеци. Мислам дека навистина добро се сложувавме“, рече Артета.
Луиз пристигна во Арсенал од Челси летото 2019 година и оваа сезона забележа 20 настапи и постигна еден гол. Засега е непознато каде ќе ја продолжи кариерата.
34-годишниот играч за Арсенал играше за Челси, ПСЖ и Бенфика. ФА Купот од минатата сезона и Комјунити Шилд се трофеи кои ги освои со Арсенал, додека како играч на Челси ги освои Премиер лигата, ФА купот (2), Лигата на шампионите, Лига Европа (2).