Connect with us

Фудбал

Де Бур даде отказ-Сега оставете ги сите на мир!

Холандија ќе бара нов селектор. Де Бур поднесе оставка од функцијата откако „Лалињата“ неочекувано беа поразени во осминафиналето од Чешка.

-Јас сум виновен, оставете ги фудбалерите на мир, порача Де Бур.

Холандија, која важеше за еден од фаворитите за највисок пласман загуби од Чешка со 2:0 што воедно беше првото големо изненадување на ЕУРО 2020-та. Секако, Швајцарија го направи најголемото изненадување откако успеа да ја елиминира Франција, која беше прв фаворит за европската круна.