Connect with us

Фудбал

Де Геа доживеа големо понижување, а ЕУРО дури и не започна

Давид де Геа, според бројните најави во шпанските медиуми, нема да биде првиот голман за време на натпреварите на Европското првенство.

Енрике се реши да ги покани голманот на Манчестер Јунајтед, Унаи Симон од Атлетик и Роберт Санчез од Брајтон за прелиминарните натпревари и Европското првенство.

Де Геа е несомнено првата sвезда, далеку поискусен голман, но наводно Роберто Санчез е тој што ја доби предноста да биде прв избор и тој ќе брани на голот на Шпанија на Европското првенство.

Тој ќе биде стартер на пријателскиот натпревар против Португалија во петок, а наводно тоа е исто така знак дека ќе се пласира пред Де Геа и талентираниот голман од Атлетик на следните важни натпревари.

Де Геа повеќе не ужива доверба во Манчестер како порано и се чини дека Дин Хендерсон целосно ќе го заземе своето место во новата сезона и Шпанецот би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

Списокот на Шпанија што ќе се најде во групата со Словачка, Шведска и Полска изгледа вака:

Голмани: Унаи Симон, Давид де Геа, Роберт Санчез.

Одбрана: Хозе Гаја, Жорди Алба, Пау Торес, Ајмерик Лапорте, Ерик Гарсија, Диего Љоренте, Цезар Аспиликуета, Маркос Љоренте.

Среден ред: Серхио Бускетс, Родри, Педри, Тиаго, Коке, Фабијан.

Напаѓачи: Дани Олмо, Микел Ојарзабал, Алваро Мората, Жерард Морено, Феран Торес, Адама Траоре, Пабло Сарабија.