Connect with us

Фудбал

Дебакл на Македонија, Германија се одмаздува за Дујсбург

Македонската репрезентација го одигра натпреварот од 8. коло од квалификациите за СП во Катар против репрезентацијата на Германија. Гостите ја оправдаа улогата на фаворит и ја совладаа нашата репрезентација со високи 0:4.

Германија очекувано започна силно, доминираше на теренот во првото полувреме, изврши притисок, но сепак одбраната на Македонија беше на висина на задачата.

Имаше но неколку убави шанси на двете страни. Германците уште на самиот почетопк имаа шанса да дојдат во водство, но сепак резултатот остана 0:0.

Во 25. минута Раум изведе слободен удар за Германија, но топката се одби од живиот зид и дојде до Гнабри кој се обиде од далечина, но не успеа да го совлада Димитриевски.

Во 26.минута се отвори одлична контра за нашата репрезентација, Елиф Елмас се обиде да заврши, но тоа беше чесен плен за Ноер.

Во 31. минута од натпреварот, Вернер се обиде од работ на шеснаесетникот, но сепак Димитриевски беше на вистинското место.

Само една минута потоа, Еламс исто така шутираше од работ на шеснаесетникот, но беше блокиран од одбраната на Германија.

Нашата репрезентација до крајот на првото полувреме создаде уште неколку контри, но без завршница.

Во втората минута од судиското надополнување Тимо Вернер имаше одлична шанса да донесе водство на Германија, но сепак резултатот остана 0:0.

Во воторот полувреме Германија продолжи со нападите кон голот на Македомнија, а во 50. минута од натпреварот, Хаверц го отворуи резултатот и му донесе водство на Германија од 0:1.

Македонија не личеше на малку на онаа од првото полувреме, направивме бројни грешки, а Германците тоа вешто го казнија.

Во 70. минута од натпреварот Тимо Веернер прими одлична топка во шеснаесетникот и ја затресе мрежата на Димитриевски за 0:2.

Истиот играч само три минути подоцна упати одличен удар од работ на шеснаесетникот. Немоќен беше Димитриевски и Германија доаѓа на високи 0:3 во Скопје.

Во 83. минута од натпреварот Мусиала зголемува на 0:4 за Германија и ги поставува конечните 0:4.

Во 89. минута Чурлинов имаше одлична шанса да постигне почесен погодок за Македонија, но неговиот удар заврши високо над голот.

Германија останува лидер на табелата со 21 бодови, на втората позиција е Романија со 13 бодови, Македонија е на третата позиција на табелата со 12 освоени бода, исто колку и Ерменија која се наоѓа на четвртата позиција поради полошата гол разлика. Исланд со 8 бода е на петтата позиција, а Лихтенштајн е оследен со само еден освоен бод.