Connect with us

Ракомет

Дебакл на Татабања во Битола, Еурофарм Пелистер ги „прегази“ со 33:20

Еурофарм Пелистер, го совлада тимот на Татабања во 4. коло до новата сезона на Европската лига. Битолчани го надиграа противникот и заслужено славеа со 33:20

Домашниот тим го надигра противникот буквално во секој сегмент на натпреварто, Еурофарм Пелистер беше подобра од Татабања и во нападот и во одбраната, покажа одлична игра која ја крунисаа со висока победа.

Натпреварот започна со претпазлива игра на двата тима и се чекаше грешка на противникот.

На средината од натпреварот Еурофарм Пелистер направи серија од пет гола и резултатски се оддвои од противникот (11:6).

Во 23. минута Еурофарм Пелистер  дојде до висока предност од 13:7, а веќе во 24. минута од натпреварот дојде до двојно поглема гол разлика (14:7).

Како што одминуваше времето така се зголемуваше разликата во корист на Еурофарм Пелистер, а пред самиот крај на првото Битолчани имаа предност од 9 гола (17:8).

Сепак Еурофарм Пелистер замина на пауза со предност од 8 голови (17:9) после одлично одиграното прво полувреме.

Татабања немаше решение како да го спречи разиграниот Еурофарм Пелистер.

Вториот дел од натпреварот Еурофар Пелистер го започна одлично, па по замо три минути игра дојде до позитива од 10 голови 19:9, а во 4. минута Битолчани дојдоа и до +11 (20:9).

Благодарение на одличните интервенции на голманот Секељи во 10. минута од второто полувреме Еурофарм Пелистер  дојде до високи 24:10.

До средината на второто полувремето Еурофарм Пелистер успеваше да ја задржи предноста од +14 голови.

Во последните минути од натпреварот Битолчани игра опуштено, направија неколку занемарливи грешки со оглед на високата гол разлика, но сепак на крајот успеаа да издвојуваат победа од 33:20.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мараш со шест и Табоада Дранке и Периќ со по пет гола. Во следното коло македонскиот тим игра на гости кај екипата на Спортинг од Португалија.