Фудбал
Дефанзивецот на Брајтон е на мета на тројца англиски великани
Дефанзивниот играч на Брајтон, Бен Вајт, е на мета на неколку англиски гиганти.
Имено, според островските медиуми, овој 23-годишен фудбалер го посакуваат Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи.
Сè уште немало официјални понуди на адреса на неговиот клуб, но не е исклучено во наредните денови да започнат разговори за трансфер со некои од тројцата споменати великани.
Вајт обезбедува добри игри оваа сезона, одигра десет натпревари, а покрај Брајтон во својата досегашна кариера играше за Лидс и Питерборо.