Connect with us

Фудбал

Дејан Блажевски го продолжи договорот со Вардар

Најдобриот стрелец на Вардар од сегашниот играчки кадар Дејан Блажевски, го продолжи договорот со нашиот тим до завршувањето на оваа сезона, поточно до јуни 2018 година. На Блажевски актуелниот договор му истекуваше овој месец, но на обострано задоволство соработката е продолжена.

„Вардар ми понуди нов договор, и прифатив да останам. Вардар е мој клуб, тука ја почнав мојата кариера, и среќен сум што останувам во мојот тим. Договорот е до крајот на сезоната, и посакувам уште многу настапи и уште многу голови во дресот на Вардар, и сигурно се надевам на уште една шампионска титула и на освојување на Купот на Македонија“, изјави Блажевски.

Блажевски после настапите во неколку интернационални клубови, се врати во Вардар во јануарскиот преоден рок 2015 година. До сега има вкупно 96 официјални настапи во дресот на Вардар, од кои 12 натпревари во Европа, 74 меча во првенството, 9 во Купот на Македонија и еден настап во Супер-Купот на нашата земја. Има три шампионски титули, и еден трофеј во Супер-Купот.

Фудбалскиот клуб Вардар му посакува на Блажевски уште многу настапи и голови во „црвено-црниот“ дрес.