Connect with us

Други спортови

Дејан Недев е најдобриот за 2018 година

Управниот одбор на Македонската традиционална Карате федерација ги награди најзаслужните каратисти, спортски работници и поддржувачи на овој спорт во 2018 година.

За најдобар каратист во машка конкуренција наградата ја зема Дејан Недев, додека кај дамите ова признание и припадна на Јадранка Недева. Наградата за животно дело му припадна на Венцислав Недев, додека за придонес и развој на МТКФ и карате спортот во Македонија признанието го доби Дарко Каевски. Тренер на годината е Атанас Василев, додека награда имаше и за судиите Матеј Ангеловски и Антонио Зврцинов.